Расте млечната индустрија - млекарниците инвестираат во фарми, а фармите во повисок квалитет

Bez autora
Jul 14 2014

Инвестиции во изградба на сопствени фарми, зголемување на сточниот фонд, воведување нови технологии се дел од инвестициските потфати на млекарниците во земјава со цел зголемување на производството на млеко во земјава. Како резултат на тоа, откупот на млеко во последните пет години е во континуиран раст. Расте производството на сурово кравјо млеко во државата. Зголемените инвестиции на млекарниците во набавка на јуници, зголемената побарувачка на сурово млеко на пазарот, како и растот на производството на млеко и млечни производи полека, но сигурно ја стабилизира млечната индустрија во државата. Од млечната криза со пропаѓањето на Сведмилк, кога драстично беше намален сточниот фонд, а со тоа и производството на сурово млеко, во последните пет години млечната индустрија се движи во нагорна линија.

Расте млечната индустрија - млекарниците инвестираат во фарми, а фармите во повисок квалитетИнвестиции во изградба на сопствени фарми, зголемување на сточниот фонд, воведување нови технологии се дел од инвестициските потфати на млекарниците во земјава со цел зголемување на производството на млеко во земјава.

Како резултат на тоа, откупот на млеко во последните пет години е во континуиран раст. Расте производството на сурово кравјо млеко во државата. Зголемените инвестиции на млекарниците во набавка на јуници, зголемената побарувачка на сурово млеко на пазарот , како и растот на производството на млеко и млечни производи полека, но сигурно ја стабилизира млечната индустрија во државата. Од млечната криза со пропаѓањето на Сведмилк, кога драстично беше намален сточниот фонд, а со тоа и производството на сурово млеко, во последните пет години млечната индустрија се движи во нагорна линија. Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во последната годишна публикација за сточарството, во 2013 година во Македонија од земјоделците и земјоделските комбинати се произведени вкупно 380,7 милиони литри кравјо млеко, што е зголемување за 8,8% споредено со 2012 година, кога производството на кравјо сурово млеко изнесувало 349,7 милиони литри. Споредено со 2009 година, кога биле произведени 242,6 милиони литри, статистиката покажува зголемување на млекопроизводството за 11,1%. Во исто време пораснал и приносот на млеко по молзна крава од 2.928 литри на 3.009 литри сурово кравјо млеко.

Според податоците во публикацијата, во 2013 година најголемиот дел од кравјото млеко е произведен од индивидуалните фармери, на сметка на земјоделските комбинати, додека, пак, приносот по молзна крава е далеку поголем кај големите фарми отколку кај индивидуалните фармери. Минатата година крава одгледувана во модернизирана краварска фарма давала по 5.270 литри млеко годишно, додека кај индивидуален фармер каде што условите за одгледување се полоши годишниот принос по молзна крава изнесувал 3.266 литри сурово млеко.

Гледано по региони, пак, најголемо производство на кравјо млеко има во Полошкиот регион, каде што минатата година се произведени 105,88 милиони литри, по што следи Пелагонија со 103 милиони литри кравјо млеко и трет е Скопскиот регион.

Притоа, просечните откупни цени на кравјото млеко во 2013 година се повисоки за 3,82 денари за килограм или за околу 24% во споредба со 2010 година.

Златко Најдоски, генерален директор на "БиМилк" вели дека досега набавиле 1.200 јуници од Европската унија, кои им се поделени на нивните фармери-кооперанти. Вели дека само на тој начин, односно преку инвестиции за зголемување на сточниот фонд може да се дојде до поголемо и поквалитетно производство на млеко во државата.

- "Млекара Битола" веќе подолго време инвестира во зголемување на млекопроизводството. Досега имаме набавено 1.200 јуници, кои им се доделени на кооперанти, а инвестираме и во понатамошните технолошки системи во фармите. Како резултат на тоа откупот на сурово млеко само последната година го зголемивме за 15%, а со тоа и производството на млеко и млечни производи - објаснува Најдоски за ВЕЧЕР. Тој потенцира и друг фактор во млечната индустрија, кој е многу важен и последнава година зема замав, а тоа се инвестициите во модернизација на фармите за подобрување на квалитетот на млекото.

- Од 2014 година субвенциите за литар млеко ќе се исплаќаат за прв пат според квалитет, односно во класи. Кој има највисок квалитет, односно произведува млеко по највисоките европски стандарди ќе добие повисока субвенција. Затоа фармите забрзано почнаа да инвестираат во модернизација на технолошките процеси со цел да добијат поквалитетно млеко. Очекувам дека овој процес ќе се интензивира во последниот квартал од годинава - потенцира Најдоски. Според него, млечната индустрија во Македонија допрва ќе почне да ги покажува позитивните резултати.

Но, не само "Млекара Битола", овој процес го следат и другите млекарници. Оваа година и млекарницата Здравје Радово" за прв пат увезе висококвалитетни овци од Шпанија, а со инвестицијата во нова фарма планира драстично да го зголеми сопственото производство.

Турската млекарница Суташ", пак, која пред една година започна со производство на македонскиот пазар, недостатокот на сурово млеко за производство во иднина планира да го реши со инвестиција во сопствена фарма, но и со договори со кооперанти. Идните планови на Суташ" се да изградат фарма на површина од 40 хектари во која би се одгледувале околу 2.000 крави.

За пет години производството на овчо млеко зголемено за 4%

Просечното производство на овчо млеко, пак, изнесува околу 33.000 тони годишно, а од оваа количина 23% или 7.630 тони откупуваат млекарниците.

Според публикацијата на Државниот завод за статистика, минатата година производството на овчо млеко изнесува 34,2 милиони литри, што е намалување за 11,2% споредено со 2012 година. Споредено со 2009 година има пораст на производството на овчо млеко за 4%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik